Конгресот потврди - Трамп и официјално е новиот американски претседател

Американскиот Конгрес ги потврди гласовите на Електорскиот колегиум, со што Трамп и официјално стана избран претседател на САД.
Конгресот, исто така, го потврди изборот на Мајк Пенс за потпретседател на САД.
Во текот на броењето на гласовите, на заедничка седници на двата дома на Конгресот, демократите изнесоа мноштво забелешки, но тие не беа прифатени, пренесуваат американските медиуми.
Со ова и официјално е потврден резултатот од гласањето на 538 електори, според кој Трамп освоио 304 гласа од електорите, а Хилари Клинтон 227, и покрај тоа што таа добила речиси 2,9 милиона гласови повеќе од Американците.
За победа на претседателските избори на Трамп му беа потребни 270 електорски гласови.
Трамп и Пенс заклетвата на новите функции ќе ја положат на инаугуративната свеченост на 20 јануари.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
