Конференција за унапредување на работата на Антикорупциска
Конференција насловена „Моделот на превентивното тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“ ќе се одржи денеска во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Транспрентност Македонија (ТМ).
На конференцијата ќе се обрати Драго Кос, претседател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи и поранешен претседател на Антикорупциска комисија во Словенија.
МЦМС ќе ги претстави резултатите од следењето на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во периодот од јануари до јуни 2017 г.
ТМ ќе ја претстави анализата на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судирот на интереси и препораки за подобрување на институционалната и правна рамка, подготвена од Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК.
Целта на конференцијата е да се отвори дискусија за досегашното функционирање на ДКСК во спроведувањето на антикорупциските политики и борбата против корупцијата и потребата од измени на моделот на Комисијата како превентивно антикорупциско тело.
Конференцијата е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека