Конференција за трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност
„Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност“ е темата на меѓународната конференција што денеска почнува во Охрид. Конференцијата се одржува по повод одбележување 25 години од постоењето на Институт за дефектологија при Филозофски факултет во Скопје.
На конференцијата ќе учествуваат околу 100 учесници од Словенија, Италија, Велика Британија, Турција, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.
Поздравни обраќања на конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе имаат Наташа Станојковска Трајковска, Раководител на Институт за дефектологија, Ратко Дуев, Декан на Филозофски факултет, Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука, Мила Царовска, министер за труд и социјална политика и Венко Филипче, министер за здравство.
Ново на Сител
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски