Конференција за предизвиците во искористувањето на ИПА-средствата на локално ниво
Конференција „Предизвиците во искористувањето на ИПА-средствата на локално ниво“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица.
Во фокусот на панел-дискусиите, како што најавуваат организаторите, ќе бидат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат општините и граѓанските организации во искористувањето на средствата од Инструментот за претпристапна помош – ИПА, со акцент на тековната финансиска перспектива ИПА2, вклучувањето на општините и граѓанските организации во програмирањето на средствата, како и промените кои се очекуваат со новата финансиска перспектива – ИПА 3.
Учество на конференцијата, како што е најавено, ќе земат Евгенија Серафимовска Кирковски од Секретаријатот за европски прашања, Арсим Фидани од Министерството за локална самоуправа, како и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.
Конференцијата е дел од проектот „Локален консултативен механизам за ИПА 2“, финансиски поддржан од Европската Унија.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје