Конференција за односите меѓу Вишеградската група и Западен Балкан
Конференција за соработката и односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан ќе биде одржана утре во Скопје, во организација на Аналитика тинк тенк во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје и Центарот за Истoчни студии.
На отворањето на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”, како што е најавено, ќе се обрати амбасадоророт на Полска во Македонија Јацек Мултановски.
Конференцијата е поделена во две сесии, една за односите на Вишеградската група во Централна Европа и втората за Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.
За разликите во заедничката кооперација пред и по пристапувањето во ЕУ на земјите од В4, решавањето на регионални предизвици, несогласувања и разлики и за актуелните презизвици во соработката меѓу земјите од Вишеградската група ќе зборуваат Микаел Коран од Институот за меѓународни односи во Прага,Матеуш Гњаздовски од Центарот за источни студии во Варшава и Томаш Стражај од Словачката асоцијација за надворешна политика во Братислава.
Во делот за односот на земјите од Вишеградската група кон Западен Балкан и каков ефект има мигрантската криза на соработката меѓу Вишеградската гурпа и земјите од Западен Балкан ќе зборуваат Метуз Серока од Центарот за источни студии во Варшава, Ана Ороз од Институтот за меѓународни работи и размена во Будимпешта, Стево Пендаровски професор од Скопје и Јарослав Вишниевски од Лондоската школа за економија.
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027