Конференција за „Креирање на млади лидери претприемачи“
Во организација на Здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус – Скопје денеска се одржа конференцијата „Креирање на млади лидери претприемачи“ во рамките на глобалниот настан LEAP summit 2017.
Главна порака на конференцијата беше дека младите мора да веруваат во себе и да немаат страв да започнат да работат и основаат сопствена компанија. Предизвиците кои се јавуваат, како што посочија учесниците, е само поголем мотив да работат и да ги остварат своите цели.
Самитот LEAP има за цел да ги зближува луѓето од целиот свет на едно место да учат заедно и со цел да ги реши најголемите предизвици на нашето време.
- Јас својата компанија ја основав на 19 години и ниту во еден момент не се покајав што го направив тоа, верував во себе и во своите можности и капацитети, и поради тоа секогаш се движам напред, рече консултантот Зоран Витанов.
И Зоран Настески од компанијата Inception рече дека во ниеден момент не се двоумел да отвори своја компанија. - Мојата верба и посветеност ме доведе до тоа да основам своја компанија во Силиконската долина, додаде тој.
Партнер во организацијата на конференцијата е Скопски плански регион.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството