Конференција за иднината на Шар Планина
Конференцијата „Одржлива иднина за Шар Планина преку формирање на заедничка визија и прекугранично советодавно тело за Шар Планина“ ќе се одржи денеска во организација на Платформата „Пријатели на Шара“.
Конференцијата се организира во рамки на два проекти што ги спроведува Платформата „Пријатели на Шара“, а на овој настан ќе бидат презентирани резултатите од трибините што се одржаа изминатиот период во сите шест општини Полошкиот регион.
Во рамки на конференцијата ќе биде презентиран документот „Шест општини една визија за Шар Планина“, а исто така ќе биде и официјално формирано Прекугранично советодавно тело за регионот Шара-Кораб-Коритник, составено од клучни засегнати страни од Македонија, Косово и Албанија.
На оваа конференција ќе учествуваат претставници на засегнати страни од Албанија, Косово и Македонија и Црна Гора. Од Македонија поканети се претставници на повеќе релевантни министерства и институции, градоначалници на сите полошки општини, претставници од месните заедници, како и претставници на граѓански здруженија и други чинители како што се: собирачи на шумски плодови, сточари, бизнис сектор и планинарски и ловџиски друштва од регионот.
Овие активности на Платформата „Пријатели на Шара“ се поддржани од ИПА-2 механизмот и канцеларијата на ГИЗ, Скопје.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице