Конференција за еко-туризам во Охридскиот регион

„Четири сезони еко-туризам во Охридскиот регион“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Зелениот институт, ДОМ и холандската фондација Биро де Хелинг.
На конференцијата ќе стане збор за алтернативните форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО за Охридскиот регион.
Учесниците ќе дискутираат за збогатување на понудата, од планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг, преку водено поврзување на сите места покрај Охридското езеро со еко-превоз, до култура, традиција и автентична локална храна.
- Целта е во Охридскиот регион да се иницираат и поддржат атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и странските туристи, но и да се обезбеди туристичка понуда конкурентна со онаа во регионот, велат организаторите.
Модератор на настанот е Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група „Пратеници-пријатели на УНЕСКО”.
Ново на Сител
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
