Македонија
10. јуни 2018 - 8:36

Конференција за еко-туризам во Охридскиот регион

„Четири сезони еко-туризам во Охридскиот регион“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Зелениот институт, ДОМ и холандската фондација Биро де Хелинг. 

На конференцијата ќе стане збор за алтернативните форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО за Охридскиот регион.

Учесниците ќе дискутираат за збогатување на понудата, од планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг, преку водено поврзување на сите места покрај Охридското езеро со еко-превоз, до култура, традиција и автентична локална храна.

- Целта е во Охридскиот регион да се иницираат и поддржат атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и странските туристи, но и да се обезбеди туристичка понуда конкурентна со онаа во регионот, велат организаторите.

Модератор на настанот е Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група „Пратеници-пријатели на УНЕСКО”.