Конференција за балканската бегалска рута во Виена
На иницијатива на министрите за внатрешни и за надворешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер и Себастијан Курц денеска во Виена ќе се соберат владини претставници на државите од Западен Балкан за да разговараат за состојбата долж балканската бегалска рута.
На конференцијата насловена Заедничко управување со миграцијата, според најавите од Виена, покрај домаќините ќе учествуваат и министри за внатрешни работи и за надворешни работи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Цел на состанокот е усогласување на земјите-учесници во врска со миграциските предизвици, при што ќе се разговара на теми кои се однесуваат на внатрешната безбедност, како што се управувањето со границите и борба против криумчарите со луѓе и поритв екстремизмот.
Најавено е и дека на работниот ручек на учесниците на средбата ќе присусттвува и министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил, кој со претставниците на балканските земји ќе разговара за цивилно-воената соработка и управувањето со границите.
Грчката Влада синоќа соопшти дека премиерот Алексис Ципрас во телефонски разговор со неговиот холандски колега Марк Руте, чија земја претседава со ЕУ, реагирал затоа што Грција не е поканета на конференцијата во Виена.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство