Македонија
8. February 2017 - 8:33

Конференција за актуелните состојби во предучилишното образование

Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на актуелните состојби во предучилишното образование.

Најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

На конференцијата ќе се дебатира за актуелните состојби во предучилишното воспитание и образование и приоритетите на новата Стратегија за образование.