Македонија
23. May 2019 - 16:29

Конференција „Поглавје 23: Македонското сидро или едро?“: Земјава е подготвена за преговори со ЕУ

Министерството за правда е подготвено за почеток на преговорите со ЕУ, вели министерката Десковска. Сеопфатните реформи кои се во тек даваат резултати. Пример за тоа е електорнскиот систем за доделување на предмети познат како АКМИС, чија што контрола направена во 6 судови покажала дека нема злоупотреби.

Десковска информираше дека нема поместување во преговорите за законот за ЈО.

Паралелно со функционирањето на правосудството, треба да се подобри состојбата со економијата за да не останеме без работоспособно население, велат од националниот совет за евроинтеграции.

Еврокомесарот Жбогар, во неговата последна изјава посветена на состојбите во нашата земја, истакна дека e убеден дека извештајот на ЕК ќе препорача отворање на преговорите со ЕУ.