Конференција „Поддршка на жртвите на насилство - чија е одговорноста“
Националниот совет за родова рамноправност денеска организира конференција на тема „Поддршка на жртвите на насилство – чија е одговорноста“.
Конференцијата е дел од активностите на проектот „Ратификација на Истанбулската конвенција“, кој е финансиран од Европска Унија од ИПА 2 механизам за граѓански организации (IPA2CSO), спроведувано од МЦЕО (ЕУРОТИНК).
Конференцијата има за цел да придонесе кон подобрување на системот на заштита на жртвите од семејно насилство и пристап на правда за жените жртви на родово базирано насилство и ратификација на Истанбулската конвенција. На конференцијата ќе се дебатира со новоизбраните пратенички во Праламентот на Република Македонија, за ратификација на Истанбулската конвенција и нивните заложби и чекори кон ратификацијата, за институционалната одговорност со нивни претставници, како и соработката со граѓанските организации и др.
На конференцијата ќе биде презентирана анализата на усогласеноста на одредбите од Законот за превенција и заштита од семејно насилство со стандардите содржани во Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство изработена од НСРР. Исто така ќе бидат претставени институционалната заштита, сервисите и услуги од граѓанските организации за жртвите на насилство.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана