Конференција „Ограничување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“
Конференција на тема „Ограничување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“ ќе се одржи денеска во организација на Народниот правобранител на Република Македонија во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Конференцијата ќе ја отворат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.
На тема „Проблемите на Ромите при преминување на граничните премини“ ќе говорат заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, претставникот од Министерството за внатрешни работи Стојанче Чоклевски и Пировска.
На конфренцијата проф. д-р Јован Ананиев, член на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата ќе говори на тема „Надминување на пречките во остварување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска