Конференција „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско – германската перспектива“
Европските перспективи на земјава и можностите за што поскорешно добивање датум за преговори со Европската унија се темите на конференција „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско – германската перспектива“, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, Давор Пашоски од Конрад Аденауер, претседателот на Еврокапитал ЕМИ Жан Пол Дуге, потпретседателот на Европското движење Мухамед Халили. Модератор на дебатата ќе биде претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска.
На конференцијата ќе присуствуваат голем број амбасадори, професори, академици и претставници на невладини организации од земјава, како и од Франција и Германија, со цел да и дадат поддршка на земјава во нејзините европски аспирации, меѓу нив академикот Луан Старова, амбасадорите, Ѓорѓи Филипов, Љупчо Арсовски, Нано Ружин, Васко Наумовски, Александар Тавчиовски, Агрон Буџаку и Енвер Абдулаху, Тиери Имбер од Еврокапитал, претседателот на Европското движење Парис Жан Клод Удоен.
Организатор на настанот е македонското Европско движење, на предлог-иницијатива на Меѓународното европско движење и со поддршка на Еврокапитал.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати