Македонија
18. September 2015 - 8:37

Конференција на Институтот за безбедност, одбрана и мир

Институтот за безбедност, одбрана и мир кој е во состав на Филозофскиот факултет во Скопје, организира дводневна конференција во Охрид на тема „Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“ со над 30 учесници од светот.

Целта е размена на мислења и перспективи за најважните прашања поврзани со безбедноста на светот во 21 век. 

- Тргнувајќи од сложениот сплет на истражувачки интереси и комплексниот курикулум кој беше развиван низ децениите, речиси истовремено во сферата на безбедноста, одбраната и мировните студии, идејата е да се промовира интердисциплинарниот пристап и да се овозможи дијалог помеѓу дисциплините и различните школи на мислење, соопшти Институтот кој со оваа конференција ќе одбележи 40 години од своето постоење.