Коневски: Ќе се гради прв Дневен центар за деца со пречки во развојот во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Ивица Коневски денеска најави изградба на првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во општина Аеродром.
- Доколку ја добиеме довербата од граѓаните Дневниот центар ќе го изградиме наредната година, за што ќе обезбедиме три милиони денари од буџетот на општината. Во него децата со пречки во развојот ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот, со цел да се намали нееднаквоста предизвикана од социјалната исклученост, рече Коневски на денешната средба со жителите на населбата „13 Ноември“.
Во оваа урбана населба, нагласи, ќе ги реконструираме сите детски и спортски игралишта, плочниците зад ТЦ „Три Бисери“, ќе изградиме парк за миленици, а во парковите ќе поставиме метални конструкции за вежбање.
Ново на Сител
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
