Балкан
9. November 2016 - 10:58

Конечно пронајден убиецот на Јелена, монструмот не се сеќава на злосторството

Убиецот на Јелена Марјановиќ Крсмановиќ идентификуван е и полицијата знае кој го направил злосторството на насипот Црвенка во Борча.

Како што пред два дена премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави гостувајќи на РТС, полицијата успеала да реши случајот, а како што дознава српски Курир, станува збор за подвоена личност која е целосно несвесна што направила.
Осомничениот, за кого Вучиќ изјави дека и е познат на полицијата, јавно се огласувал и зборувал за убиството на ѕвездата на Гранд.