Џет-Сет
17. April 2016 - 10:39

Конечно проговори и призна се: Светлана Цеца Ражњатовиќ по 10 години откри зошто ...

Светлана Цеца Ражњатовиќ беше уапсена, лежеше во затвор, а потоа и во куќен притвор. Многумина ја напаѓаа, а таа се бранеше со молчење, пренесува српски „Блиц“.
 
Кога ја прашале зошто била во притвор и дали тоа има врска со тоа што во куќата на нејзиниот сопруг пронашле оружје, Цеца изјавила дека таа приказна е завршена одамна.
 
- Сите го знаеа тоа, но тоа и така е одаман завршена приказна. Многу приказни се кажани. Искрено, ниту јас не знам што да ви кажам. Не сакам да се потсетувам на тој период,ретко и коментирам за тоа што ми се случи. Не сум некој кој зборува преку медиумите и можеби ми е тоа голема грешка. Да го правев тоа и да се бранев од нападите, можеби ќе го минев животот поубаво и не би ми лепеле било какви етикети, - изјавила Цеца.
 
Таа додала дека не знае зошто не била посакувана од претходната влада.
 
- Знам дека тоа траеше 10 години, од 2003 година. И мене некои работи ми се потполно нејасни. ниту можам да дојдам до одговор, ниту пак се трудам. Сега се е готово. Не е важно. После се сакам да живеам со моето семејство, - рекла пејачката.
 
Познато е дека Цеца и Жељко биле пријатели со Ружица и Зоран Џинџиќ.
 
- Да, бевме пријатели. Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на Маракана првото свеќе го добив токму од Ружица и Зоран. И по смрта на Жељко бев во добри односи, први дојдоа да ми дадат сочувство. Тој ми рече: „Ајде заедно да се бориме против Милошевиќ и да го собориме од власт“. Одбив. Никогаш не сум се занимавала со политика, тоа не ме интересира. А потоа се случи големата несреќа. Мислам дека сите изгубивме многу со неговата смрт, - видно потресена зборувала Цеца.
 
Бидејќи ја поврзувале со луѓето кои го убија Зоран Џинџиќ, Цеца изјавила дека тоа што познава некој, не значи дека тоа и го направила.
 
- Тоа се случуваше во време кога ембаргото можеше да се плати во готово. Казнета бев поради трансфер чиј дел од парите е прокнижен на мое име. Затоа плаќам казна, а не поради затајување данок. Секој динар го инвестирав во Обилиќ, што е очигледно, бидејќи оној стадион не падна од небо, - завршила Цеца.