Македонија
25. April 2022 - 17:41

Кондуктер физички нападнал сопружници, го пријавиле во полиција

Сопружници од Прилеп пријавиле дека биле нападнати од кондуктер во автобус.

- На 25.04.2022 во 10.00 часот во ОВР-Прилеп, Т.С.Т.(34) од Прилеп пријавила дека околу 08.45 часот на новата автобуска станица во Прилеп, таа и нејзиниот сопруг Ф.Т. биле физички нападнати од едно лице- кондуктер во автобус, стои во билтенот од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.