Кондовски: Ветувам бесплатен јавен превоз во два термини дневно

Достапен јавен превоз по мерка на битолчани е еден од главните приоритети и во таа смисла освен воведување на нови и дополнителни линии, набавка на мали еколошки возила кои на најефикасен начин ќе одговорат на потребите на битолчани, најавувам и бесплатен јавен превоз во секој работен ден, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ, Христо Кондовски.
-Ветувам бесплатен јавен превоз во два термини дневно, односно во претпладневните и во попладневните часови. Преку оваа значајна мерка очекувам да се зголеми атрактивноста на јавниот превоз што ќе ги промени животните навики на граѓаните за превоз до работното место и назад. Зголеменото користење на јавниот превоз во ударните периоди од денот ќе придонесе за значително намалување на сообраќајниот метеж, намалување на учеството на возилата во вкупниот процент на патувања во градот и драстично намалување на загадувањето кое доаѓа од возилата, изјави Кондовски.
Тој појасни дека најавената мерка ќе се реализира преку соодветен систем на електронски картици, кои прецизно ќе го регистрираат искористувањето на истата.
-Мерката ќе се реализира под мотото „Јавниот превоз се враќа во мода“, истакна кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
