Концертна промоција на албумот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски
Влатко Стефановски вечер концертно ќе го промовира „Мајчин јазик“ - негов прв соло акустичен албум кој за регионот го објави „Кроација рекордс“ од Загреб. Вечерашниот е прв од трите концерти (17-ти, 18-ти и 20 март) за промоција на албумот, кои ги организира „Баги комуникации“ во Македонската филхармонија.
Новиот албум на најпознатиот македонски гитарист излезе во октомври, три години по претходниот негов албум „Сеир“. Содржи девет инструментални верзии на македонски народни песни, како и композиции од опусот на „Леб и сол“. Вокална композиција на албумот е само изворната македонска песна „Море, сокол пие“ во која стиховите ги пее Раде Шербеџија.
Стефановски изјави дека „Мајчин јазик“ е направен со минимум технологија, интимен зашто и се обраќа директно на публика. Снимен е во само неколку дена минатата пролет.
На обвивката на албумот е фотографија од неговата мајка, актерката Нада Стефановска, со гитара во рацете, од улога во претстава во 1946 година.
Специјални гости на концертите на Стефановски ќе бидат етно-групата „Љубојна“, српската етно-пејачка Биља Крстиќ и сопранистката Весна Гиновска-Илкова.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници