Концерти на Есма Реџепова во Вашингтон
Есма Реџепова одржа концерти на две престижни локации во Вашингтон, во центарот Кенеди и во Конгресната Библиотека. Во рамките на својата американска турнеја, кралицата на ромската песна Реџепова настапи со групата Господари на фолкот, пред преполни сали.
"Во многу градови во Америка ќе гостувам овој пат. Ова ми е 12-ти пат на гостување во Америка. Овде имам многу пријатели, другари и можеби едно 120.000 љубители на Југоисточно-европска музика или bалканска музика која ја сакаат и за која им предавам и ги знам доста од нив. Можам да кажам дека во Њујорк едно 100 луѓе ме дочекаа на аеродром, така што беше прекрасно. Дочекот беше многу добар. Многу групи коишто постојат во Америка, американски групи ги применуваат моите македонски и ромски песни. Така да кај американскиот народ доста сум позната, ме сакаат и драго ми е што бев прогласена за втор најдобар глас во светот. Тоа е едно големо признание за мене и за Македонија", изјави Реџепова за Македонската Радио Телевизија.
Според Конгресната библиотека, Есма Реџепова е рекордер меѓу уметниците по бројот на посети на држави, со концерти во вкупно 106 земји во светот. "Есма ја започна кариерата на 13-годишна возраст и е легенда, не само во Македнија, туку и на Балканот и меѓу луѓето од Македонија и од поранешна Југославија и ромите низ целиот свет. Таа настапувала насекаде и во села. Таа е хуманитарец и одржувала добротворни концерти за помош на бегалци и раселени лица", изјави Керол Сиверстон, професорка на Универзитетот во Орегон, за МРТВ.
Ново на Сител
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
-
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години