Концерти на Дуке Бојаџиев во Филхармонија во мај
Композиторот Дуке Бојаџиев, кој живее и работи во Њујорк, по пауза од две години повторно ќе настапи пред македонската публика со два концерта во Скопје, на 11-ти и 12 мај во Македонската филхармонија.
Настапот ќе биде реализиран во соработка со Министерството за култура и „3Гонга”. На целовечерниот концерт со наслов „Сон Верба Љубов“ Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од истоимениот албум, како и со дел од неговото поново филмско творештво.
На концертот на Дуке (пијано и вокал) специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, а актерката Наташа Петровиќ ќе биде вокал и наратор. На кларинет ќе настапи Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас, а ќе учествува и стринг-квартетот: Владимир Крстев и Маја Ефремова-Шеќерова (виолина), Марко Виденовиќ (виола) и Марија Михајловска (виолончело).
Дуке Бојаџиев од 2001 година живее и работи во Њујорк. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Компонирал музика за многу филмови и соработувал со неколку добитници на Оскар, меѓу кои со режисерите Џонатан Деми за филмот „A Master Bilder“ и Данис Тановиќ за филмот „Пекол“.
Билетите за концертите ќе бидат во продажба од 16 април на билетарницата во Македонската филхармонија и на мктикетс.
Ново на Сител
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид