Концерт со фестивалски фолк рефрени „Незаборав“ во Битола
Традиционалната манифестација „Незаборав“, музички концерт со фестивалски фолк рефрени ќе се одржи вечер во НУ Центар за култура-Битола.
Организаторот најави дека 9. издание на „Незаборав“ е посветено на битолски пејачи кои настапиле на Фолк фест „Валандово“ во периодот од 1985 до 2000 година.
-Секоа година нудиме новина, а оваа година за културната јавност во градот и љубителите на фолк рефрени, уште еднаш ќе се испејат песните на солисти и групи од Битола кои настапиле на Фолк фест „Валандово“. На вечерашниот концерт ќе настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска, најави продуцентот Панде Димитровски.
Според архивата на продуцентот Димитровски како битолски автори на музика се потпишани Милко Лозановски, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Тоде Новачевски,Михајло Бандевски, Миле Шерденковски, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак – Микс, Љубомир Трифуновски, Ѓорги Белџигеровски и Зоран Кузмановски. Битолски автори на текстови на „Валандово фолк фест“ биле Илија Алушевски, Ѓорги Белџигеровски, Ѓоко Ѓоргиев, Валентин Соклевски и Петар Ѓеоргиев – Калица, а автори кои создавале песни за битолчани кои пееле на фестивалот во Валандово се Милан Зафков, Григор Копров, Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски – Фис, Драги Митев, Зоран Марковски и Илчо Јованов.
Минатата година манифестацијата беше посветена и исполнета со музичкиот репертоар на групата „Битолски конзули“, а во овој период од девет години „Незаборав“ бил посветен и на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово

