Концерт на женскиот младински хор при МКЦ
Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски вечер во салата „25 Мај“ во МКЦ ќе одржи концерт „Миса бревис, Лукс етерна“.
Програмата вклучува дела од францускиот композитор Лео Делиб и од нашиот автор Александар Пејовски, меѓу кои и една праизведба. Овој тип вокално-инструментални композиции кај нас многу ретко се изведуваат, така што концертот претставува несекојдневна можност публиката во Скопје да чуе музика од овој жанр.
Освен Женскиот младински хор, во изведбата ќе учествуваат и гудачки оркестар и солисти, како и познатите музички уметници Марија Вршкова, Јанинка Невчева и Сара Мејс на челеста, органа и харфа. Концертот ќе почне во 20.30 часот, а влезот е слободен.
Женскиот младински хор при МКЦ веќе 43 години континуирано и успешно работи и е еден од најнаградуваните македонски хорски ансамбли на меѓународни хорски натпревари.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала