Концерт на „Танец“ на плоштадот „Карпошово востание“
Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе изведе вокално-инструментален концерт на плоштадот „Карпошово востание“.
- Ансамблот „Танец“ е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении „Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство, соопшти „Скопско лето“ најавувајќи го вечерашниот концерт.
Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на неговото формирање била потребата од институција која ќе го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолклор.
Ново на Сител
-
СДСМ со честитка за Денот на Армијата
-
ВМРО-ДПНЕ: Владата ќе откупува пченица од македонските земјоделци за државните резерви
-
ИНРМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Приведена 46-годишна жена, возела со 107 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ
-
Кина очекува прифатливо решение за сите страни во војната во Украина
-
Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач