-->
-->
Концерт на пијанистката Даница Стојанова во Софија
-->
Македонската пијанистка Даница Стојанова синоќа одржа целовечерен концерт во Музичкиот центар „Борис Христов" во Софија.
Како што соопшти македонскиот Културно-информативен центар во Софија, на програмата беа дела од македонските композитори Ристо Аврамовски - „Прва исповедна молитва", Томислав Зографски - „Свита за пијано" и Гоце Коларовски - „Свита за пијано", како и од од Фредерик Шопен „Мазурки оп.24" и Николај Медтнер „Соната реминесценца 0п.38 бр.1".
Стојанова со својата извдеба измами долги аплаузи, а на бис ја исполни „Елегијата" од Сергеј Рахмањинов.
Даница Стојанова беше претставена од Елена Драгостинова од Музичкиот центар „Борис Христов" и од Васко Шутаров кој го организираше концертот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа