Концерт на оргуљи на украинката Черникова
Во рамки на манифестацијата Скопско лето вечерва во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ концерт на оргуљи ќе одржи Елена Черникова од Украина.
Черникова е родена во Киев во 1976 година. Во 1991 година го завршува музичкото училиште, отсек пијано во класата на проф. Бобир Лариса. Продолжува со студии на „Глиер“ во Киев, државен колеџ за музика на одделот пијано кај професорот Лидиа Ковтиук. Во 2001 година дипломира со почести, со диплома за пијано и оргуљи на „Чајковски“, на Националната академија за музика во Киев - Украина, во класата на проф. Аја Павлова.
Таа работи како концерт органист и концерт мајстор. Нејзината кариера ја започнува уште како студент. Настапува како солист, со инструменталисти и пејачи, со хорови и оркестри. Имала концерти во Украина и во странство.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници