Концерт на Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев во Софија
Македонските музички уметници Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев синоќа во рамки на 12.Меѓународен музички фестивал „Борис Христов“ во Софија одржаа концерт за виолина и пијано.
Вечерта беше посветена на дела од македонски композитори Т. Зографски, К. Македонски, В. Николовски, С. Стојков, Р. Аврамовски. Настапот на македонските музичари беше проследен со долги аплаузи и бис на кој беше изведено делото „Елегија" од Ѓаконовски-Шпато.
Концертот на познатите македонски музички уметници и педагози беше организиран во соработка на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и Музичкиот Центар „Борис Христов", во рамки на циклусот музички концерти насловени „Скопје-Софија“.
Гостувањето на Куфојанакис и Светиев е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти