Концерт на мецосопранот Коцевска и пијанистот Гелебешев во Гевгелија
Гевгелиското културно лето синоќа беше збогатено со концерт на мецосопранот Александра Коцевска која настапи со специјална програма на пијано придружба од познатиот пијанист Глигор Гелебешев.
Пред настапот во салата на хотел „Аполонија“ двајцата музички уметници потенцираа дека го подржуваат топлиот културен бран на Министерството за култура во чии рамки е и културното лето во Гевгелија и оти таквите активности им се омилени во заедничката нивна соработка која трае од поодамна.
Коцевска музичкото образование го оформила во Скопје, а по дипломирањето од 1996 година работи како професор по соло пеење во Штип и Скопје.
Гевгелиското културно лето кое се одржува под покровителство на општина Гевгелија ќе заврши на 7 септември со концерт на камерниот оркестар од Битола кој пред гевгеличани ќе се претстави со изведба на најдобрите рок хитови на сите времиња.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница