Концерт на „Љубојна” во Паркот на бранителите во Драчево

Со настап на етно групата „Љубојна”, вечер во општина Кисела Вода свечено ќе биде отворено годинешното културно лето. Целовечерниот концерт ќе почне во 20:30 часот во Паркот на бранителите во населбата Драчево.
Променетата локација е поради влошените временски услови, соопштија од општина Кисела Вода од каде ги покануваат сите љубители на звукот на овој етно состав да бидат дел од вечерашното случување во Паркот на бранителите во населбата Драчево. По концертот ќе следи голем огномет.
Од општината нагласуваат дека театарската претстава „Чолак", која исто така беше одложена, доколку го дозволат тоа временските услови, ќе биде изведена на 6 јули на претходно закажаната локација Три круши, во селото Драчево.
На локалитетот Три круши, како што веќе беше најавено, ќе се изведат и сите останати содржини кои се дел од годинешното „Три круши 2016”.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
