Концерт на гитарското трио „Елогио“
Во Камерната сала на Филхармонија вечер од 20 часот ќе настапи гитарското „Трио Елогио“, основано од гитаристите Петрит Чеку од Косово, Педро Рибеиро Родригез од Португалија и Томислав Вукшиќ од Хрватска, кои ќе изведат дела од Моцарт, Руждјак, Рахмањинов, Шуберт…
Тројцата гитаристи обединети во триото „Елогио“ имале голем број концерти особено на европските фестивали. Посебен придонес имаат за зачувување на хрватското звучно творештво, а неодамна го снимија и нивното ново цеде со дела од Моцарт, Руждјак и Дворжак.
Петрит Чеку е роден во 1985 година во Косово каде што го почнал музичкото образование, а кога се преселил во Загреб во 2002 продолжил да студира на тамошната Музичка академија каде што и дипломирал. Од 2009 до 2013 година се усовршувал на Конзерваториумот „Пибоди“ во Балтимор. Неговиот исклучителен сензибилитет и експресивност ја привлекуваат публиката и критичарите низ светот.
Томислав Вукшиќ е роден во 1980 во Загреб. Дипломирал гитара во Загреб, а постдипломските студии ги завршил на Кралскиот конзерваториум во Ден Хаг, кога му е доделна престижна стипендија за талентирани студенти. Добитник е на неколку награди на хрватските државни и меѓународни натпревари за гитара, а во моментов работи како доцент на Музичката академија во Загреб.
Педро Рибеиро Родригез, пак, е класичен гитарист од Португалија и делува како солист, камерен музичар, педагог и аранжер. На својот прв носач на звук („Нумерика“ 2013) ги изведува сонатите на Карлос Сеиксас во сопствена обработка за гитара, што е единствената солистичка гитарска снимка во целост посветена на тој португалски композитор.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња