Кон: Кој ќе избере да не се вакцинира, го избира вирусот
Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека во Србија се смирува ширењето на заразата со коронавирусот и оти бројот на заразени лица ќе се намалува, јави Бета.
Кон за РТС изјави дека бројот на новозаразени сè уште е висок, но оти има стабилизација „на високо ниво“.
– Во Белград се гледа јасен пад. Од друга страна, требаше некому да му се дозволи да работи, рече епидемиологот, по повод отворањето на терасите на кафулињата.
Кршењето на антипандемиските мерки тој го опиша како „пркос и инает“, наведувајќи дека тоа служи „само за намалување на моралот на здравствените работници“.
На прашањето како може да се намали кршењето на мерките, тој изјави дека не го знае начинот, но оти „сила не доаѓа предвид“.
Кон рече дека се размислува за враќање на настава со физичко присуство, затоа што бројот на заразени ученици се намалува.
Тој додаде дека таквата мерка не е донесена затоа што во некои земји учениците се заразиле по укинувањето на онлајн часовите.
Според него, во Белград сè уште им анајголем број вакцинирани .
– Кој ќе одлучи да не се вакцинира, го избира вирусот, рече Кон и процени дека е прашање дали невакцинираните граѓани ќе го добијат вирусот „за една недела или за еден месец“.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот