Спорт плус
12. January 2016 - 16:17

Комплетирано првото коло на ЕП во ватерполо

 
 Победи за фаворитите на вториот ден од Европското првенство во ватерполо што се одржува во српската метропола Белград. Романија, Русија и Италија беа убедливи против своите ривали, додека Унгарците синоќа во дербито ремизираа со Грција во дуел со кој се комплетира првото коло.
 
Постигнати резултати:
Ц група: Германија – Италија 5:16 и Грузија – Романија 6:12.
Д група: Унгарија – Грција 8:8 и Русија – Турција 17:8.
 
Денеска играат:
А група: Словачка – Холандија, Црна Гора – Шпанија.
Б група: Франција – Хрватска, Србија – Малта.