Фудбал
6. December 2016 - 9:02

Комплетирано петнаесетото коло во Серија А

 Со двата натпревари одиграни синоќа во Верона и Удине, комплетирано е 15.коло во фудбалкиот шампионат на Италија, односно Серија А.  
 
На дуелот во Верона, капитенот на македонската  репрезентација Горан Пандев беше во почетниот состав на гостинската екипа Џенова, која одигра без голови протов Киево. 
 
Средбата во Удине, беше среќна за домашните фудбалери на Удинезе кои со погодокот на Бразилецот, Данило во третата минута од судиското дополнение (90+3) ја совлада Болоња со 1:0.
 
На натпреварите кои се одиграа претходно, беа постигнати овие резултати: 
 
Наполи – Интер 3:0,
Јувентус – Аталанта 3:1,
Лацио - Рома 0:2, 
Милан – Кротоне 2:1, 
Лацио – Рома 0:2, 
Пескара – Каљари 1:1, 
Сампдорија – Торино 2:0, 
Сасуоло – Емполи 3:0 и 
Фиорентина – Палермо 2:1.
 
Табела: Јувентус 36 бодови, Рома 32, Милан 32, Наполи 28, Лацио 28, Аталанта 28, Торино 25,..