Бизнис
23. April 2021 - 16:46

Компаниите во зоните работат како во најдобрите времиња

Извозот од зоните годинава како во најдобрите времиња. Само во првиот квартал извезените стоки од нив вредат за 300 милиони евра повеќе споредено со 2018 година. Бројот на вработените во овие фабрики и во сулови на најтешка економска криза лани остана стабилен, а и платите бележат раст. Фабриките не престанаа со инветстиции и во услови на пандемија.

Постоечките инвеститори се стабилни, но нови лани немаше. Премиерот вели дека ковид кризата секаде оставила последици кога се во прашање инвестициите. Но, очекува годинава бројките да бидат подобри. Придонес кон тоа треба да дадат четворицата економски промотори кои ќе бидат ангажирани прему МНР за да привлекуваат странски инвестиции и да го промовираат извозот. Заев вели дека промоторите ќе си ги заслужат платите, но тие се само дел од системот за носење инвестиции.

Системот на економски промотори постоеше и за време на претходната Владата. Тогаш беа распоредени 33. Сегашната влада ги укна со образложение дека чинат многу пари, а ефектот од нив е мал.