Бизнис
20. јуни 2017 - 17:41

Компаниите да ги искористат парите кои им ги нуди државатам и да аплицираат за имплементација на ХАЛАЛ стандардот

Компаниите да ги искористат парите кои им ги нуди државата и да аплицираат за имплементација на ХАЛАЛ стандардот. Од издвоените 1,4 милиони денари, наменети за покривање на трошоците за фирмите кои ќе го вградат, оваа година се пријавила само една. Министерот за економија ги повика и останатите ,а доколку интерест е голем, државната помош ќе расте..

-Имајќи предвид дека годинава до овој момент е пристигната само една апликација, сакам да ја искористам оваа прилика и да упатам покана до деловните субјекти да ги искористат средствата од годинешниот буџет предвидени за оваа намена“,На овој начин компаниите ќе ќе си ја подобрат конкурентноста ,а  ќе добијат и еден вид зелена карта при обезбедување палсман на трети пазари, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Халал стандарот е арапски термин кој значи – Се што е дозволено   на муслиманите по Шеријатското право, а за многумина е синоним за здрава храна

-Халал стандарот значи дека храната не користи никакви вештачки хемикалии ,  адитиви, бои, односно им дава сигурност на консументите дека храната е здрава, Муамер Весели, директор на Агенција за спроведување на ХАЛАЛ

Споведувањето на ХАЛАЛ стандарот започна пред 5 години, со скромен буџет од 500 илјади денари. Интересот беше голем, па од година до година и буџетот  растеше.  Со овој стандард прехранбените компании си го трасираат патот кон нови, брзорастечки  пазари. Глобалниoт Халал пазар се  проценува на повеќе од 800 милијарди долари, додека само европскиот на над 66 милијарди долари годишно