Бизнис
12. February 2018 - 20:15

Компаниите бараат промени во казнените политики

Пониски глоби со измени на Законот за прекршоци, бараат бизнисмените. Инпекторите повеќе да практикуваат опомени и да ги едуцираат фирмите наместо да ги казнуваат со високи казни. Според нив многу често прекршоците што ги прават компаниите се од незнаење илки од технички аспект. Но и покрај тоа тие се казнувани со глоби кои го надминуваат и максималниот износ од 5 000 евра поради неусогласеност на прекршочниот со другите закони.

- Со последните измени на законот за прекршоци во 2015 година се намалија глобите, но не се укинати членовите од законот со кои се дозволува неколкукратно поголем износ.Така највисоката пропишана глоба од 5.000 евра во одредени закони изнесува и 15.000 до 20.000 евра – рече, Татјана Стерјова од Стопанската комора.

Голем проблем за стопанствениците е и постапката на порамнување. Бараат укинување на мандатниот платен налог за кој немаат право на жалба, на сметка на поголема примена на прекршочниот кој за нив е далеку пофер.

Нуди право на жалба ако се призане делото и право на 50 проценти попуст ако се плати во рок од осум  дена. Но, укажува, тука е проблематичен минималниот износ, кој почнува со 200 евра и 30 проценти за одговорото лице во фирмата.

Резултатите од истражувањата покажале дека многу е поповолен ефектот кај фирмите ако им се укаже на пропустите и се едуцираат да не го повторат истото во иднина.

Комората очекува измените на Законот за прекршоци да бидат опфатени со Стратегијата за реформа на правосудниот систем.