Бизнис
2. October 2017 - 19:49

Компаниите бараат ДДВ да се плаќа по наплатена, а не по издадена фактура, како и брз поврат на данокот

Малите и средни фирми бараат ДДВ да плаќаат по наплатена а не на издадена фактура . Повратот на данокот да биде побрзо и  да не се условува со извршената контрола. Да се намалат и казните кои ги плаќаат и да се укине глобата за одговорното лице .. Практиканството и пробната работа законски да се регулираат. Ова се само некои од проблемите со кои се соочуваат фирмите во анкетата спроведена со цел да се подобри законската регулатива. Детектирани се над 60 проблеми кои најчесто произлегуваат од честите промени на законите.

За неиздавање на фискални  сметки фирмите побарале да плаќаат само парична казна, а не и да имаат забрана за вршење на дејноста. Законските измени кои го дозволуваат ова се веќе во собрансика процедура и се очекува наскоро да бидат донесени. Компаниите имале и голем број на забелешки за работата на царинските службеници.

Во делот на екологијата компаниите се пожалиле на долгите постапки за добивање еколошки дозволи. Проблем е и текстилниот и кожарски отпад кој фирмите од областа не можат да го рециклираат.

За половина од детектираните проблеми веќе се разработени документи со конкретни решенија. Во идниот период коморите ќе ги достават до надлежните органи.