Комората на извршители одбележува 10-годишен јубилеј

Комората на извршители на Република Македонија одбележува 10 години од своето основање. По тој повод денеска во Музејот на Македонската борба во Скопје ќе се одржи свечена академија.
Во рамки на јубилејот, утре ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Актуелни правни ризици и предизвици во извршувањето“.
Пред учесниците на конференцијата ќе говори претседателот на Меѓународната унија на судски извршители Франсоа Андро на тема „Глобалниот кодекс за извршување“. Државниот советник во Министерство за правда, Радица Лазаревска Героска ќе зборува за „Прирачник/Водич за/кон добри практики во извршувањето ЦЕПЕЖ“, додека за „Клучните измени во новиот Закон за извршување“ ќе говори проф. д-р Арсен Јаневски од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Според програмата за „Актуелни правни ризици и предизвици во извршувањето“ свои излагања ќе имаат претседателите на коморите на извршители на Србија Александра Трешњев, на Албанија Теди Малавеци и на Црна Гора, Иван Петровиќ.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
