Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски
Здружението за промоција на спортски активности 35 години Вардарци Скопје кое ги застапува навивачите на „црвено-црните“ Комити , побараа смена на актуелното раководство на ФК Вардар.
Новиот сопственик на клубот Атила Бижен Жалили, за извршен директор на Вардар го назначи Миленко Неделковски, додека за неизвршни членови во раководството се именувани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстовски-Илиоски.
Комити се незадоволни од односот кон нив на Миленко Неделковски
– Ние никогаш не сме кажале дека имаме стереотипи кон одредени личности, затоа што и ние се бориме со стереотипи цело време. Ние само сметаме дека Неделковски не е за тоа место во Вардар. Не е достоен да биде директор во Вардар. Ние стоиме зад тоа дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира нештата во фудбалот и спортот, туку човек кој обединува. Затоа што на Македонија и Вардар им требаат само обединување, изјави Милорад Миленковски од „35 години Вардарци Скопје“.
Сепак треба да се нагласи дека во договорот потпишан при предавањето на мнозинскиот (85 %) пакет на акции, Комити управувањето му го доделија на новиот сопственик.
– Моравме да го предадеме клубот на друг сопственик, бидејќи финансиската состојба беше независна, а добивме и уверување дека работите ќе се средат. Можеби немаме извршна моќ да ги менуваме внатре работите, но ние сме гласот на ФК Вардар и за секој проблем во клубот ние сме тука да алармираме, додаде Миленковски.
Според него можно е во блиска иднина сметката на ФК Вардар да биде одблокирана. Неговите пресметки се дека долгот на Вардар е помеѓу два и три милиони евра.
Ново на Сител
-
Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
-
Пожар во магацин за производство на полиестер во Врапчиште, повреден пожарникар
-
Уапсен 38-годишен маж од Штип, пронајдена дрога
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“