Македонија
19. December 2018 - 16:14

Комисиска расправа за уставните измени без опозицијата

Комисијата за уставни прашања денеска ја продолжи дебатата за предлог-амандманите на Уставот, вклучувајќи го тука и предложениот уставен закон за нивнот спроведување. Во фокус на дебатата беше државјанството односно членот 2 и ставот 2 каде што се предвидува државјанството да биде „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“.

Со оваа формулација не се согласуваат пратениците од Алијансата на Албанците Зијадин Села и Фадил Зендели од Беса. Пратениците Соња Мираковска од НСДП и опозицискиот пратеник Панчо Минов од ГРОМ, пак, ги поздравија интервенциите во предложените амандмани по собраниската дебата и јавните расправи организирани од Владата.