Комисијата за заштита од дискриминација влезе во бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Весна Бендевска, член на Комисијата рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација.
„Согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација, работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Согласно наводите во претставкатам, должни сме да ја сослушаме и другата страна. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавени увиди. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка, изјави Весна Бендевска, член на комисијата.
Бендевска не даде подетални информации за што се однесува дискриминацијата, се додека трае постапката.
-Во овој момент, Комисијата не дава и не прејудицира наводи за кои ќе се изјасниме штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб-страна, рече Бендевска.
При увидов беше присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. Од здружението не дадоа изјава, само рекоа дека увидот бил коректен. Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на бугарскиот државен врв. На почетокот на јуни, влезната врата беше опожарена од страна на пејачот Ламбе Алабаковски.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар