Македонија
11. November 2018 - 16:37

Комисијата за уставни прашања го разгледува четвртиот амандман на уставот

Да се вметен изречно зборот „идентитет“, покрај заштитата на културното и историското наследство за да се добие силна гаранција дека тој е заштитен со овие уставни измени, како и да се постигне вистински национален конзензус во примената на овие измени. Опозицијата бара поголеми гаранции за македонскиот идентитет на расправата матичната комисија за уставни прашања по четвртиот и последен нацрт-амандман согласно Договорот од Преспа.

За премиерот Заев, веќе се направени отстапки согласно барањата на оние 8-мина пратеници кои го обезбедија 2/3 мнозинство во првата фаза.

Пратениците од власта го бранеа владиниот предлог. Велат дека со него еднаш засегоаш ќе се бетонира македонскиот идентитет. За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пак, со ова СДСМ признава дека прави нова историја.

Албанската опозиција пак, бара во овој амандман да се вметне гаранција за поголема грижа на албанската дијаспора која потекнува од Македонија,а не само на државјаните како што тоа е изречно напревено со македонскиот народ кој живее надвор од границите на земјава.

Од комисиска расправа, нацрт-амандманите се селат на пленарна седница. Веќе е закажана сесија за 1 декември. Расправата за секој нацрт-амандман трае најмногу три дена, а за да поминат амандманите во оваа втора фаза ќе е потребен 61 пратенички глас.