Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување на предлог-листа за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.
На 26-ти минатиот месец пред Комисијата се претставија шестмината кандидати за кандидати кои ги исполнуваа условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Новиот член на Судскиот совет ќе се бира помеѓу Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, двата по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
