Комисијата за европски прашања ја одложи расправата за попис

Иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од дневен ред на Комисијата за европски прашања да биде симната точката за Закон за попис на населението во 2020, претседателот на Комисијата Артан Груби само ја прекина сесницата.
Претходно на барање на Груби мнозинството членови го утврдија дневниот ред вклучително со Законот за попис, но за оваа точка расправата ќе продолжи, како што рече Груби, по политичките консултации.
Како што е познато, Законот за попис на населението е владин предлог со кој во посебна графа се дозволува и евидентирање на иселниците и тоа преку матични броеви. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото решение поради што пред две недели се формирани и меѓупартиски работни групи меѓу власта и опозицијата. Засега нема исход од преговорите.
- Бараме Закон за попис согласно препораките на европските и меѓународните стандарди за попис на неризидентно население. Бараме да се спроведат пописи како што се спроведуваат во Австрија, Германија, Франција - изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
-

Повреденото дете се уште критично
-

Кривични пријави за две лица и фирма од Струмица, се сомничат за затајување данок, перење пари и лихварство
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
