Македонија
27. September 2016 - 16:09

Комисијата одложена, нема да има пленарна се додека Јанева не одговори на прашањата од пратениците – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кавга за СЈО

Катица Јанева попладнево не се појави во Собранието. Поради немање деловнички услови за работа, претседателот на собраниската комисија за политички систем Влатко Ѓорчев ја одложи седницата за утре.

Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Јанева има уставна и законска обрвска своите извештаи да ги образложи во Собранието.  

Тие инсистираат специјалната обвинителка да се врати во законодавниот дом и да се извни за својата изјава дека собранието е нелегитимно, но и да достави целосен извештај во кој ќе одгвори каде СЈО потрошило повеќе од 60 милиони денари за 6 месеци. Координаторот Илија Димовски потенцираше дека Јанева во изминатите денови одговорила на помалку од 20% од прашањата на пратениците.

Јавноста е ускратена од можноста да добие одговори на овие и слични прашања: 1. Од каде СЈО го црпи легитимитетот доколку Собранието не е легитимно? Дали од СДСМ, дали од Сорос, или од друго место? 2. Зошто СЈО бараше одложување на Пуч по неколку месеци и тоа од приватни причини, а сега се жали за одложување од неколку недели? 3. Зошто и како СЈО соопшти дека нема увид на доказите за случајот Пуч, а сепка побара пуштање од притвот на господинот Верушевски? 4. Зошто Катица Јанева не превзема никакви дисциплински мерки кон вработените во СЈО за очигледните прекршувања на законите? 5. Зошто СЈО ангажира правни експерти кога изборот на Катица Јанева и нејзиниот тим се базира на стручност и лична одговорност за донесени одлуки? Кој ќе носи одговорсност за грешките на СЈО? Обвинителите или правните експерти?, праша Илија Димовски.

Димовски рече дека тие и натаму се подготвени за договор околу времетраењето на дискусиите и репликите со цел расправата за извештајот на СЈо да заврши за неколку дена, но доколку Јанева и натаму не го почитува Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воопшто нема да прифати разгледување на барањата на Специјалното обвинителство. Според пратеничката група на СДСМ пак, Собранието може да го разгледува извештајот на Јанева и без нејзино присуство. Обвинија дека владејачката партија прави се за да не дојде на дневен ред извештајот за работата на државното обвинителство.

Според Деловникот на Собранието, додека не заврши комисиската расправа, извештаите на Катица Јанева и Марко Зврлевски не можат да преминат на пленарна седница.