Македонија
19. December 2018 - 19:09

Комисијата ги усвои амандманите за уставните измени

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа, на Комисијата за уставни прашања. Комисиската расправа продолжува со дебата по Уставниот закон кој се донесува на важењето на амаднманите, внтрешната употреба на името Северна Македонија и државјанството.

Расправата се одвива екпресно имајки пред вид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го напушти процесот на уставните измени. Власта сепак бара, процесот да биде инклузивен.

Опозиционерот Панчо Минов од ГРОМ е задоволен од измените во амандманот за заштита на македонскиот идентитет и гранцијата на границите, но и понатаму има забелешки од кога да се применува новото име и во делот на Преамбулата.

Иако државјанството е дефинирано во уставниот закон, сепак најголем дел од дебатата се одвиваше токму за него.  Владата предлага државјанството да биде македонско коса црта граѓанин на Репбулика Северна Македонија. Албанската опозција бара да се избрише зборот македонско за да не се добие македонски етнички предзнак за сите државјани.

Ова беше причина што пратениците на опозициската БЕСА и Алијансата на Албанците да гласаат воздражно за три од четирите предлог-амандмани, а конечниот свој став ќе го изградат на пленарната седница за амандманите.

Собраниската расправа се планира за 9 јануари, а за да бидат изгласани амандманите ќе е потребно дво третинско мнозинство.