Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Продолжување на зимскиот распуст за 2 недели
Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега.
Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.
Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.
Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ ПРЕДЛАГАМЕ:
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ!
Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Стевановиќ: Следиме препораки и внимаваме на состојбата со мајмунските сипаници
-
Радукану и Сакари елиминирани од Ролан Гарос
-
Дендиас: Преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да почнат веднаш
-
Кулеба го критикува НАТО дека „буквално ништо“ не прави за да ја запре руската инвазија
-
Без струја и вода утре неколку скопски општини
-
Утврдени измените за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот сектор
-
28-годишник нападнал па репетирал и вперил пиштол во началник на ЕБР во Чаир
-
Средби на Пендаровски со Мицотакис, Емие и Лагард во Давос